Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкции за Крим за уште една година


Архивска фотографија- Симферопол, главен град на Крим

Европската унија за уште една година ги продолжи санкции за Крим поради нелегалната руска анексија на полуостровот од Украина. Во соопштението на Европскиот совет објавено денеска се наведува дека земјите членки на Европската унија одлучија да ги продолжат санкциите воспоставени поради нелегалната анексија на Крим и Севастопол од Руската федерација до 23 јуни 2021 година.

Рестриктивните мерки беа воведени во 2014 година како одговор на анексијата на Крим во март истата година откако Москва испрати војници на полуостровот и одржа референдум кој за нелегален го сметаат најмалку сто земји. Со санкциите се забранува увоз на продукти од Крим во ЕУ, како и инфраструктурни, финансиски и инвестиции во областа на туризмот на островот.

Одделно од овој пакет, ЕУ има воспоставено санкции и поради руската поддршка на сепаратистите во источна Украина во конфликтот во кој од април 2014 година загинаа повеќе од 13 000 луѓе. Тие санкции истекуваат на 31 јули.

XS
SM
MD
LG