Достапни линкови

Турција соопшти дека погодила 500 курдски воени цели во Северен Ирак


Операција на Турската војска против ПКК во Северен Ирак

Турското Министерство за одбрана соопшти дека турската војска погодила над 500 курдски воени цели во Северен Ирак за време на операцијата против Курдистанската работничка партија (ПКК).

Операцијата „Канџа – Тигар“ почна на 16 јуни како одговор на зголемувањето на курдски напади врз турските воени бази, соопшти денеска Министерството.

Нападите биле извршени со турски воени авиони Ф-16, беспилотни летала и хаубици во изминатите 36 часа.

ПКК, која од Турција, ЕУ и САД е означена како терористичка организација, скоро четири децении води вооружена кампања против Анкара, барајќи поголеми права за Курдите. Во конфликтот досега загинаа околу 40 илјади луѓе. Тие имаат вооружени припадници во Турција, Ирак, Иран и Сирија, како и стотици илјади приврзаници во курдската дијаспора во Европа.

Турција редовно извршува воени операции против ПКК во југоисточна Анадолија, а спроведува и десетици прекугранични операции против Курдистанската работничка партија во Ирак. Турската војска исто така спроведе три операции против курдските сили во Сирија, за кои Анкара вели дека се поврзани со ПКК.

XS
SM
MD
LG