Достапни линкови

Претседателот на Радио Слободна Европа, разрешен од функцијата


Мајкл Пeк, новиот извршен директор на Американската агенција за глобални медиуми

Џејми Флај, претседател и извршен директор на Радио Слободна Европа објави дека е разрешен од функцијата. Во пораката Флај наведува дека бил информиран за неговото разрешување од Мајкл Пeк, новиот извршен директор на Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ).

„Со голема тага ве напуштам сите вас во Радио Слободна Европа“, пишува Флај во пораката.

„Водењето на оваа организација во текот на изминатата година беше животна чест“, пишува тој.

Асошиетед Прес пренесува дека Пeк ги отпуштил и шефовите на три други американски меѓународни сервиси, Радио Слободна Азија, Блискоисточната мрежа и Радио Марти чиј фокус е Куба.

Разрешен е и директорот на Фондот за отворени технологии, кој исто така е под контрола на УСАГМ.

Директорката на „Гласот на Америка“ си даде оставка

Пак, кој беше назначен за шеф на УСАГМ пред две недели, исто така ги замени сите членови на бордовите на директори на Радио Слободна Европа, Радио Слободна Азија и Блискоисточната мрежа и се постави за претседавач.

Во е-маил до вработените во УСАГМ, Пак вели дека е посветен на тоа да обезбеди независност на американските меѓународни медиуми, кои се одговорни за објавување независни вести и информации до публика ширум светот.

XS
SM
MD
LG