Достапни линкови

Москва: американски авиони пресретнале руски бомбардери кај Алјаска


американски ловeц од типот Ф-22

Москва соопшти дека авиони на американските воздухопловни сили придружувале четири руски нуклеарни бомбардери, додека патролирале во близина на Беринговиот теснец што ги дели рускиот полуостров Чукотка и државата Алјаска. „Во одредени фази на трасата, руските авиони беа придружувани од американските ловци од типот Ф-22“, соопшти Министерството, додавајќи дека патролниот лет траел околу 11 часа.

Авиони на САД пресретнале руски бомбардери кај Алјаска

На 10 јуни, американската Команда за воздушна одбрана соопшти дека нејзините борбени авиони биле пресретнати руски авиони и бомбардери двапати на брегот на Алјаска.

XS
SM
MD
LG