Достапни линкови

Косовската влада усвои нови мерки за спречување на пандемијата


Владата на Косово

Владата на Косово го прифати барањето на Министерството за здравство за нови мерки за борба и спречување на пандемијата „ковид-19“, што значи дека сите јавни и приватни институции на Косово се должни да го организираат својот персонал за физичка оддалеченост или примена на работа од дома. Според оваа одлука, јавните и приватните институции се должни строго да го контролираат носењето маски на влезовите на секоја институција и да организираат работа со нивниот персонал, во целосна согласност со прирачникот за заштита од коронавирусот.

Гренел: Србија и Косово на состанок во Вашингтон на 27 јуни

Владата го донесе и Предлог законот за ребаланс на буџетот на Косово за 2020 година. Ревидираниот предлог закон предвидува приходи од милијарда и 788 милиони евра, додека вкупните ревидирани буџетски расходи изнесуваат 2 милијарди 620 милиони евра.

XS
SM
MD
LG