Достапни линкови

Димитров: Граничниот премин Маркова Нога-Лемос шанса за развој


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров за време на денешната посета на Преспа изјави дека идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос значи зближување и шанса за развој на Преспанскиот регион. Според него, пандемијата на Ковид-19 го намалила интензитетот на активностите, но граничниот премин ќе биде отворен.

„Идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос го почнавме со првата Спогодба што ја потпишавме со соседна Грција по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Таа Спогодба е потпишана на македонски јазик, на грчки и на англиски јазик, ратификувана од парламентите и тука е правниот основ. Имаше едно забавување заради промена на власта во Атина, потоа двете комисии заседаваа во јануари и беа усогласени протоколите на експертските групи. Исто така беше планиран состанок во Солун на 18 март, каде требаше да се усвои целиот план, и до крајот на годинава ја планиравме патната инфраструктура, плановите за објектите, геодетските анализи и еколошките елаборати да бидат изготвените. Според анализите, можно е цела реализација да се заврши за две години“, појасни Димитров.

Две години од Преспанскиот договор

Димитров заедно со Ппемиерот Оливер Спасовски во рамки на настанот посветен на Иницијативата за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, го посетија граничниот премин.

XS
SM
MD
LG