Достапни линкови

Затворена уште една конфекција во Штип


Работнички во текстилна конфекција. Илустрација.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денеска најави дека текстилната конфекција во која беа регистрирани позитивни случаи на Ковид 19, а денеска има уште неколку работници кои се заразени, се затвора на седум дена.

Тој разговарал со сопственикот на конфекција, кој му соопштил дека донел одлука процесот на производство да мирува за да не се шири заразата меѓу вработените. Бочварски и здравствените власти потврдуваат дека денеска има регистрирано и случај на една заразена работничка во чевларска фабрика во Штип.

XS
SM
MD
LG