Достапни линкови

САД воведува нови санкции кон сириската влада


Соединетите државиденеска воведоа нови санкции врз 39 лица и компании во Сирија, вклучувајќи го и сирискиот претседател Башар ал Асад и неговата сопруга Асма. Овој потег е насочен кон оневозможување на можностите за заработка на владата во обид да ја вратат на преговарачката маса на Обединетите нации, пренесува Ројтерс.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека „многу повеќе“ санкции ја чекаат владата на Асад во наредните недели и месеци.

Соединетите држави како и Европската унија веќе воведоа санкции за Сирија, но најновата серија санкции што доаѓа од Вашингтон е насочена кон секое лице, институција или компанија што има деловна соработка со Дамаск.

Законот, познат како Цезаров закон за цивилна заштита на Сирија, може да се користи и против главните поддржувачи на Асад, Русија, Иран и либанската милитантна група Хезболах.

Амбасадорката на Соединетите држави во ООН, Кели Крафт пред Советот за безбедност на 16 јуни изјави дека санкциите имаат за цел да ги скратат приходите и поддршката на режимот на Асад кој пак ги користел за извршување на поголеми злосторства и кршење на човековите права и кои спречуваат политичко решение и ги намалуваат изгледите за мир.

XS
SM
MD
LG