Достапни линкови

Турски командоси во северен Ирак против курдските бунтовници


Турски војници, архивска фотографија

Турското Министерството за одбрана соопшти дека денеска специјални сили биле транспортирани со авион, поддржани од хеликоптери и вооружени беспилотни летала, како дел од операцијата „Тигарска канџа“во ирачкиот регион Хафтанин, неколку километри од турската граница. Прекуграничната операција доаѓа откако Турција на 15 јуни започна воздушни напади врз седиштето на Курдистанската работничка партија во Кандил, како и базите во Синџар и Хакурк. Р

Турција изврши воздушни напади врз курдските бунтовници во северен Ирак

удав, курдски медиумски центар во Ирак, на 16 јуни објави дека иранската артилерија нападнала курдски бунтовнички позиции во северен Ирак во близина на граничниот премин Хаџи Омран во она што можеби е ретко координиран потег со Турција. Курдската работничка партија која е обвинета од Турција, Соединетите држави и Европската унија како терористичка организација - води скоро четиридецениска војна против турската држава барајќи поголеми курдски права. Во судирите досега загинаа околу 40.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG