Достапни линкови

Трамп со тужба го одлага излегувањето на книгата на Болтон


поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон

Министерството за правда на САД поднесе тужба со која се спречува поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон да објави мемоари за своето време во Белата куќа. Во тужбата поднесена на 16 јуни се наведува дека делови од новата книга содржат класифицирани информации што би можеле да предизвикаат „непоправлива штета“ за американската национална безбедност.

Болтон: Трамп сакаше да ја замрзне помошта за Украина

Судската постапка доаѓа еден ден откако претседателот Доналд Трамп изјави дека Болтон нема да го почитува законот доколку книгата биде објавена. Книгата на Болтон, „Собата каде што се случи: Мемоари од Белата куќа“, требаше да биде објавена на 23 јуни. Трамп му даде отказ на Болтон во минатиот септември по 17 месеци како советник за национална безбедност кој имаше невиден пристап до секојдневните работи на Белата куќа.

Трамп одобри санкции против претставници на Меѓународниот кривичен суд

Издавачот Симон и Шустер ги опиша мемоарите како „книга која Доналд Трамп не сака да ја прочитате.“ Во книгата, според извадокот на издавачот, Болтон опишува хаотична администрација која, наводно, извршила повеќе престапи во странство,како например притисокот врз Украина за да го испита политичкиот ривал на Трамп, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG