Достапни линкови

Во Русија започна раното гласање за уставните реформи


Новосибирск, Русија

Започна раното гласање во крајниот источен руски регион Камчатка за уставните реформи што може да му обезбедат на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година. Раното гласање е официјално дозволено пред референдумот закажан за 1 јули, а многу региони го започнаа процесот оваа недела. Откако предложи широки уставни измени претходно оваа година, Путин инсистираше на тоа дека треба да се стави на референдум, иако не е правно обврзувачки.

Путин на Денот на Русија порача граѓаните да гласаат за уставните измени

Референдумот првично беше планиран за 22 април, но беше одложен поради пандемијата на коронавирусот. Закажувањето ново гласање за 1 јули, исто така, предизвика загриженост бидејќи Русија секојдневно пријавува над 8.000 ново заразени и останува трета најтешко погодена земја во светот со вирусот.

XS
SM
MD
LG