Достапни линкови

Рама предупреди дека е можно да се врати карантинот во Албанија


Албанија за време на карантинот. архивска снимка

По зголемувањето на бројот на новозаразени со ковид-19, албанскиот премиер Еди Рама ги предупреди граѓаните дека доколку не ги почитуваат протоколите или правилата утврдени од Министерството за здравство ќе мора да се вратат во карантин. Преку врска во живо на Фејсбук ги соопшти и трите мерки, кои, како што вели, се донесени заедно со експертите по долги разговори.

Во Албанија нема јавен превоз поради ковид-19

“Нема да се дозволи никаков вид групирања, вклучувајќи и политички. Слободното движење е гарантирано, но собирања, со поголем број од дозволениот со безбедносните протоколи, нема да се дозволи. Полицијата ќе ја спроведува својата должност, без да прави никаква разлика и кој ќе учествува во собири ќе биде казнет индивидуално”, изјави Рама. Тој посочи дека нема толеранција за бизнисот и доколку не се почитуваат безбедносните протоколи освен парична казна на сопствениците им се заканува и затвор.

XS
SM
MD
LG