Достапни линкови

Советот за етика во медиумите во пресрет на изборите се откажува од владиниот грант


Советот за етика во медиумите на Македонија соопшти дека отстапува од грантот во рамки на владината поддршка за здруженија и фондации за мерки за справување со Ковид-19 кризата. Во нивното соопштение е наведено дека поради закажаните парламентарни избори во државата, непосредно по завршувањето на конкурсот за доделување финансиска помош, овој момент треба да останат настрана од оваа акција за финансиска поддршка на дел од невладиниот сектор во рамките на настојувањата за борба против коронавирусот.

Од СЕММ нагласија дека одлучиле сиот свој потенцијал да го насочат кон активно следење на состојбите во медиумската сфера и набљудување на степенот на почитување на слободата на изразување, што е приоритетна сфера на делување на нашата организација.

СЕММ, како што се посочува, испрати официјален допис до Генералниот секретаријат на Владата на 14 јуни пред официјалното објавување на информацијата за доделените средства на здруженијата на граѓани.

XS
SM
MD
LG