Достапни линкови

Утре се отвораат сите македонски гранични премини


Граничен премин

Од утре се отвораат сите гранични премини во земјата. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница. ... За влез во Македонија ќе биде потребен задолжително негативен тест за коронавирус кој не е постар од 72 часа, односно три дена по што ќе следува и 14 дена самоизолација. За тие кои ќе сакаат да влезат во земјава а при тоа немаат направено тестирање ќе мора да седат 14 дена во државен карантин. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

„Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок“ се вели во владиното сооптение.

Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.

XS
SM
MD
LG