Достапни линкови

Мицкоски: Потребна е голема излезност


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со партнерите од коалицијата „За обнова на Македонија“ изјави дека ги информирал оти се прифатени условите за кои, како што рече, преговарале и разговарале со власта, а тоа се протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и Мисија на ОБСЕ и ОДИХР. Според него, граѓаните во безбедни услови ќе можат да излезат и да гласаат на 15 јули. Нагласи дека е потребна голема излезеност и што повеќе граѓани да се охрабрат, да гласаат и да изберат меѓу измама и напредок, односно меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Тој одговарајќи на новинарско прашање во врска со идејата на ДУИ за премиер Албанец истакна дека мандатарот или идниот премиер го одредуваат граѓаните.

„Првата политичка партија која го промовираше принципот на шпицен кандидат е токму ВМРО-ДПМНЕ. За жал тогаш од страна на СДСМ таа иницијатива беше одбиена и не помина како законско решение. ВМРО-ДПМНЕ промовираше кандидат за мандатар и тоа го стори и СДСМ, како и Коалицијата „Можеме“. Сега гледаме дека и од ДУИ се прифаќа принципот на шпицен кандидат или за мандатар. Тоа е добро и здраво за демократијата и да има поголем конкуренција. Она што јас сакам да им го порачам на ДУИ и сите кои сакаат да промовираат шпицен кандидат и кандидат за мандатар да изготват програма со која нема да му дадат етнички призвук на кандидатот за мандатар, туку да се обидат да освојат гласови и кај Македонците, Турците, Србите, Бошњаците, Власите, … и кај останатите“ изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави силна економија, повисоки плати за 25 отсто или за најмалку 6.500 денари повеќе од сега. Повисоки пензии од 20-тина проценти во еден мандат, невработеност под 10 отсто, намалување на даноците, рамен данок од 8 отсто, четири милијарди евра домашни и странски инвестиции за чретири години.

Мицкоски најави и целосна реконструкција на повеќе од илјада километри регионални и државни патишта, 150 километри експресни патишта низ целата држава, енергетска обнова на домовите на граѓаните, нова фасада и оков на секој дом при што инвестицијата половина ќе ја покрие државата. Природен гас за секое домаќинство, бесплатен приклучок на гас за секое домаќинство.

XS
SM
MD
LG