Достапни линкови

Директорката на „Гласот на Америка“ си даде оставка


Директорката на „Гласот на Америка “ и нејзината заменичка си поднесоа оставки поради несогласувања со Белата Куќа за начинот на кој овој медиум известувале за прашањата поврзани со Кина. Директорката Аманда Бенет и нејзината главна заменичка Сенди Сугавара ги поднесоа оставките на 15 јуни, истакнувајќи дека доаѓањето на Мајкл Пен како кандидат на Доналд Трамп на чело на агенцијата за медиуми што ја надгледува работата на „Гласот на Америка“, е вистинско време за заминување.

„Мајкл Пек се заколна пред Конгресотдека ќе го почитува и чува заштитниот механизам кој гарантира независност на „Гласот на Америка“ што е најважната улога во довербата што ја имаат нашата публика од целиот свет“, е наведено во писмото.

Американската агенција за глобални медиуми освен Гласот на Америка, ги мониторира и сестринските медиуми Радио Слободна Азија, Радио Слободна Европа и Радио Марти со фокусот на Куба.

Американскиот Сенат под водство на републиканците го одобрија именувањето на конзервативниот режисер со 53 гласови „за“ наспроти 38 гласови „против“.

Трамп претходно остро ја критикуваше известувањето на „Гласот на Америка“ за коронавирусот, кое што беше во спротивност со наративот на администрацијата за одговорот на Кина за епидемијата.Белата куќа дури направила и необичен чекор во критикувањето на „Гласот на Америка“ во изјави за медиуми каде што било инсуирано Центарот за контрола и превенција од болести да не соработуваат со новинари од овој медиум.

XS
SM
MD
LG