Достапни линкови

Регистрирани 134 нови случаи на коронавирус во земјава, осум починати


Илустрација

Во изминативе 24 часа се регистрирани 134 нови случаи на коронависус во Македонија, а осуммина луѓе позитивни на вирусот починаа, соопшти Министерството за здравство. Најголем број од новите случаи се во Скопје – 97, во Тетово има 11, Ресен 7, Куманово 5, Струга 3, по два нови случаи се регистрирани во Крушево и во Кичево и по еден во Прилеп, Велес, Битола, Кавадарци, Валандово, Кратово и во Неготино.

Во последните 24 часа се направени 1173 тестирања.

Тројца пациенти од Скопје на возраст од 65, 68 и 76 година починаа на Инфективната клиника во Скопје.

Двајца скопјани на 77-годишна возраст починаа во болницата „8 Септември“, а на Клиниката за урологија почина пациент од Куманово на 68 години.

Во Тетовската болница кај двајца пациенти на 67 и 71 година, кои починале на 13 јуни, постмортем им е потврден вирусот.

Денеска има и 34 оздравени пациенти, од кои 23 од Куманово.

Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на ковид -19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331.

XS
SM
MD
LG