Достапни линкови

Конкурс за Новинарската стипендија Јиржи Динстбир


Новинарската стипендија Јиржи Динстбир

Радио Слободна Европа отвора конкурс за „Новинарската стипендија Јиржи Динстбир“ за 2020-2021 година.

Целта на оваа стипендија е да им помогне на новинарите од земјите од Западниот Балкан да ја унапредат својата професија преку поддршка на медиумскиот плурализам и независност.

Оваа престижна стипендија, која е заедничка иницијатива на Министерството за надворешни работи на Чешка и на Радио Слободна Европа, е инспирирана од придонесот на Динстбир во новинарството, меѓународната политика и во полето на човекови права. Нејзина цел е и да ја збогати оставината на Радио Слободна Европа во промовирањето на праведни и отворени општества со посредство на новинарството.

Избраните стипендисти ќе бидат распоредени во некои од дописништвата на Балканскиот сервис на Радио Слободна Европа, а потоа и во седиштето на Радио Слободна Европа во Прага, каде што ќе учат од искусни професионалци. Програмата на обуката им помага на стипендистите во учење и совладување на најсовремените мултимедијални вештини, додека вклучувањето во дневните уреднички дискусии ги информираат за професионалното и независно новинарство.

Предвид ќе бидат земени пријавите на новинарите од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и од Србија.

Стипендијата досега траеше од ноември од јуни, но оваа година е оставен простор за промени со оглед на мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирус во Чешка, но и во земјите од кои доаѓаат апликантите.

Пријавите мора да бидат пополнети до 11 август во 8 часот наутро по централноевропско време.

Избраните стипендисти ќе бидат информирани до 4 септември 2020 година.

За пријавување за стипендијата може да кликнете на следниов линк и потоа следете ги упатствата.

XS
SM
MD
LG