Достапни линкови

И Оскарите одложени за два месеца


илустрација

Свеченоста за Оскарите следната година е одложена за два месеца, што е последниот голем познат настан одложен поради пандемијата на коронавирусот. 93-то доделување на Академијата требаше да се одржи на 28 февруари 2021 година, но сега е одложено за 25 април, бидејќи епидемијата ја прекина работата на голем број филмови кои требаше да бидат објавени до крајот на годината. Организаторите, исто така, го продолжија и рокот за квалификување, од 31 декември 2020 година до крајот на февруари идната година, со цел „да обезбедат флексибилност за режисерите што треба да ги завршат и да ги објават своите филмови без да бидат казнети за нешто што е над нечија контрола“.

Историја на Оскарите - „Паразит“ најдобар и во двете категории за филм

Номинациите треба да бидат објавени на 15 март следната година. Сè уште не е донесена одлука дали церемонијата ќе биде виртуелна или не. Оскарите досега беа одложени трипати - откако Лос Анџелес беше поплавен во 1938 година; по атентатот на Мартин Лутер Кинг Јуниор во 1968 година; и по обидот за атентат врз претседателот Роналд Реган во 1981 година - но никогаш повеќе од една недела.

XS
SM
MD
LG