Достапни линкови

СЗО предупреди на повторно разгорување на коронавирусот


илустрација

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус изјави дека земјите „мора да бидат предупредени за можноста за повторно разгорување на коронавирусот, откако Европа продолжи да се отвора, а Кина се соочи со нови случаи на коронавирус, по што беа затворени делови од главниот град Пекинг. Глобалниот број на потврдени случаи на коронавирус достигнува 8 милиони, а смртните случаи над 436.000.

Што се не знаеме за ковид-19?

Гебрејезус истакна дека биле потребни повеќе од два месеца за да достигне бројката од 100.000 пријавени случаи - што сега претставува дневна стапка и оти вирусот забрзува во Азија и во Америка. Предупредувањето да се преземе акција за спречување на пренесувањето дојде откако Кина на 16 јуни ги зголеми тестирањата и рестриктивните мерки во делови на Пекинг, за да спречи втор бран инфекции откако во градот повеќе од 50 дена не беше забележан нов случај.

XS
SM
MD
LG