Достапни линкови

Вархеји и Пендаровски го поздравија договорот за изборите


Архива - Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Скопје.

Договорот постигнат меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули, го поздрави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

„Важен сигнал за земјава, нејзините граѓани и патот кон ЕУ. Овој договор го трасира патот кон слободни, фер и инклузивни избори, кои ќе бидат набљудувани од страна на ОБСЕ/ОДИХР“, наведе Вархеји на Твитер.

Претходно денеска лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, постигнаа договор изборите бидат одржани на 15 јули, по месеци несогласувања.

Постигнатиот договор го поздрави и претседателот Стево Пендаровски, кој очекува дека изборите ќе бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја кој отпочнува преговори со ЕУ, се вели во соопштението од неговиот Кабинет.

XS
SM
MD
LG