Достапни линкови

Мицкоски - ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на избори на 15 јули


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули, соопшти денеска на социјалната мрежа Фејсбук претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски. Тој наведе дека двата услови кои ги барале биле прифатени.

„Прво протоколите за заштита на здравјето на граѓантие, второ мисијата на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните“, напиша Мицкоски.

Претходно претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција изјави дека телефенски разговарале со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, кој потврдил дека неговата партија ќе учествува на избори на 15 јули.

Заев го повика претседателот Стево Пендаровски да прогласи нова вонредна состојба од 10 дена за изборите, според роковите, за изборите да се одржат на 15 јули.

XS
SM
MD
LG