Достапни линкови

Филипче - Зголемени капацитетите за лекување од Ковид - 19


Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешна прес-конференција зборуваше за статистичките податоци во врска со коронавирусот, ситуацијата во земјава и регионот и за состојбата во инстиитуциите.

Тој изјави дека по олабавувањето на рестриктивните мерки, во сите земји во регионот се регистрирани нови случаи и дека телефеонски разговарал со неговите колеги од Албанија и Бугарија за да разменат искуства.

Претходно денеска, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 103 нови случаи на инфицирани од коронавирус, а дека петмина починале. Во истиот период оздравени се 13 лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241.

„Огромен процент од починатите лица се со претходни хронични заболувања, од 193 починати пациенти, најголем дел се на возраст над 60 години, а кај 76 проценти се регистрирани бројни коморбидитети на кардиоваскуларниот систем, на белите дробови и шекерна болест“, изјави Филипче.

Во однос на состојбата во болниците, хоспитализирани се 318 пациенти, на Инфективната клиника 95 пациенти, од кои 37 се на кислородна поддршка, нема пациенти на механичка вентилација. Во однос на потребите за зголемување на капацитетите, монтожната болница е целосно подготвена за лечење на пациенти од Ковид -19. Таму се сместени околу 70 кревети, рече Филипче.

„Во изминатите денови ги засиливме со кадар и двете главни болници и одделенија каде што се лекуваат овие пациенти. На Инфективната клиника дојдоа пет доктори, вкупно 27 медицински сестри. Во 8 септември се хоспитализирани 113 пациенти, на респираторна машина се 10, со потешка клиничка слика се 21 пацеинт и тука тимот се засили со шест доктори, 20 медицински сестри.“, рече Филипче.

Тој додаде дека во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти и дека таму има еден позитивен болничар и дека двајца други негови колеги се во изолација. Во Болницата во Штип има 18 хоспитализирани пациенти, а во другите одделенија во држава вкупно 66 пацеинети, наведе Филипче.

„Факт е дека се соочуваме со силен бран на епидемијата, тоа што охрабрува е дека има висок процент на асимптоматски и пациенти со лесна клиничка слика коишто се наоѓаат на домашно лекување. Во моментов се хоспитализирани 14 проценти, останатите 86 отсто се во домашни услови“, рече Филипче.

Во однос на капацитетите во болниците, тој рече дека има кревети и опрема, но упати и апел граѓаните да се однесуваат одговорно.

Министерот за здравство исто така најави дека ќе се објавува список на имиња на оние што ќе бидат во самоизолација и дека тоа ќе се случи многу скоро, бидејќи како што посочи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не може да постигне и не може да ги пронајде сите лица што треба да бидат во самоизолација, но и дека луѓето даваат погрешни адреси и телефони и и инспекторите не можат да ги пронајдат за да им ги врачат решенијата за самоизолација.

XS
SM
MD
LG