Достапни линкови

Потврдени 103 нови случаи со ковид-19, петмина починати


Здравствени работници пренесуваат заболен од коронавирус во болница во Скопје

Во изминатите 24 часа се регистрирани 103 нови случаи со коронавирус, а петмина луѓе починале, соопшти Министерството за здравство. Најголем број од новите случаи се во Скопје – 46, во Тетово 17, Струга 9, Куманово, Штип и Ресен по 6, Велес и Охрид по 3, Прилеп 2, и по еден нов случај во Битола, Кавадарци, Гостивар, Струмица и во Свети Николе. Биле направени 841 тестирања.

Во изминатото деноноќие починаа петмина пациенти на возраст меѓу 45 и 80 години, тројца од Скопје, еден од Куманово и еден од Тетово.

Во истиот период има 13 оздравени.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241.

Повеќе од половина од активните случаи во моментов се во Скопје – 1239, во Тетово има 253, Куманово 225, Штип 202, Струга 58, Охрид 54, Гостивар 44, Велес 30, Кочани и Ресен по 24, Прилеп 20 и во Дебар 10. По помалку од 10 случаи има во Свети Николе, Пробиштип, Неготино, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш, Крушево, Валандово, Виница, Кавадарци, Пехчево, Демир Хисар, Македонски Брод, Берово, Делчево, Кратово и во Кичево.

Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид каде се потврдени четири позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

XS
SM
MD
LG