Достапни линкови

Фирми во Словенија престануваат да произведуваат заштитни маски, не им се исплати


Човек со заштитна маска на Змејскиот мост во Љубљана на 19 март 2020 во време на пандемија на коронавирус

Словенечките компании го губат интересот да произведуваат заштитни маски потребни пред сè за борба против коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Главната причина за ова, според раководствата на производните капацитети, е тоа што тие не можат на направат маска, како што велат, по „кинеска цена“.

„За жал навистина не можеме да изработуваме маски со цена како оние што доаѓаат од Кина и затоа решивме да престанеме се производство и целосно да се вратиме на нашата првична дејност. Се надевам дека нема да има втор бран на коронавирусот и нема да има потреба повторно да зборуваме дека изработката на маски од дома е од клучно значење во справувањето со пандемијата, изјави за Телевизија Словенија Марјан Тробиш, директор на компанијата Боксмарк.

Заводот за стокови резерви на Словенија објави дека засега имаат доволни количества заштитни маски и опрема потребна пред сè за медицинскиот персонал.

На почетокот на епидемијата, односно во март, во земјата имаше голем недостаток од заштитна опрема, пред сè маски, па Владата ги повика сите компании кои се во можност да го запрат редовното производство и да почнат да изработуваат заштитна медицинска опрема.

Според податоците, пет отсто цела заштитна медицинска опрема во земјата е од словенечко производство.

XS
SM
MD
LG