Достапни линкови

Нуклеарните сили ги модернизираат арсеналите


Меѓународниот институт за истражување на мирот со седиште во Стокхолм, Шведска соопшти дека нуклеарните сили продолжиле да ги модернизираат своите арсенали и покрај намалувањето на бројот на нуклеарни боеви глави. Институтот во извештајот објавен на 15 јуни соопшти дека во почетокот на 2020 година деветте сили со нуклеарно оружје - САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја - заедно поседувале околу 13.400 нуклеарни оружја.

САД и Русија ќе разговораат за нуклеарното оружје во јуни, поканета и Кина

Бројот на нуклеарното оржје е намален од претходната година кога деветте држави поседуваа вкупно 13.865 нуклеарно оружје. Намалувањето „главно се должи на расклопувањето на старото нуклеарно оружје од страна на Русија и САД - кои заедно сè уште поседуваат над 90 проценти од глобалното нуклеарно оружје“. Американските нуклеарни боеви глави паднаа за 385, а Русија ги намали за 125. Овие големи намалувања беа компензирани со мало зголемување на нуклеарните сили на Кина, Велика Британија, Индија и Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG