Достапни линкови

Десетици медицински сестри од внатрешноста на испомош против коронавирусот во Скопје


Здравствени работници носат заболен од коронавирус во Градската болница „8 Септември“ во Скопје на 11 јуни 2020

Триесетина медицински сестри од повеќе болници во државата ќе им помагаат на своите колеги на Клиниката за инфективни болести. Исто толкава бројка медицински сестри од повеќе болници ќе се распределат и во ГОБ „8 Септември“, напиша на својот ФБ профил државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев.

Во овие две јавни здравствени установи, посочува Милошев, приемот на заболени од ковид-19 е најголем, со речиси целосно исполнети капацитети. Во Министерството за здравство постојано ја следиме состојбата, преземајќи ги сите мерки за соодветен третман на заболените. Благодарност до здравствените работници кои само за неколку часа по дадената насока, се подготвија и пристигнаа во Скопје, на помош на своите колеги, напиша Милошев на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG