Достапни линкови

Мицкоски и Заев не се договорија за датум за избори


Лидерска средба во вила Водно

По 3 часа преговори лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не се договорија за датум за избори. Тие денеска имаа средба во Вилата Водно откако денеска на пладне претседателот Стево Пендаровски ги повика да најдат решение кога да се одржат предвремените парламентарни избори. Засега нема информации што е договорено. Од кабинетот на претстедателот велат дека наскоро ќе објават соопштение за тоа како поминала средбата.

Претходно Пендаровски во обраќање до јавноста истакна дека избори треба да има, но оти тие треба да бидат во договор и со учество на сите политички субјекти. Ова е прва средба во ваков формат за изборите кај шефот на државата, откако на претходните две лидерски средби не беше постигнат договор.

XS
SM
MD
LG