Достапни линкови

Обвинителниот акт против актерката Стојановска стигна до Суд


Илустрација

Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека е поднесено обвинение против актерката Силвија Стојановска и против уште едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Според соопштението по спроведената меѓународна операција „Колибри“ во која беа приведени петтмина од кои две лица во Македонија и три во Шпанија надлежниот јавен обвинител спровел истражна постапка. Во текот на истрагата обвинителството утврдило дека од јули 2019 година до 18 декември 2019 година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, учествувале во купување, пренесување и продавање на кокаин.

„Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување кокаин од Колумбија до Мадрид и барале купувачи. За да не бидат откриени, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки “, се вели во соопштението.

МВР за шверцот на кокаин - Стојановска помагала

Триесетдневен куќен притвор за актерката Стојановска

Имајќи ги предвид видот, тежината и висината на запретената казна, мотивите, начинот на кој е извршено кривичното дело, Обвинителството заедно со Обвинителниот акт му предложи на Судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата.​

XS
SM
MD
LG