Достапни линкови

Заев и Мицкоски вечер на средба кај Пендаровски


Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во 18 и 30 часот во претседателската вила на Водно ќе одржат средба. Ова следува по поканата на претседалот Стево Пендаровски кој денеска во своето обраќање до јавноста истакна дека избори треба да има, но истите треба да бидат во договор и учество на сите политички субјекти. Ова ќе биде прва средба во ваков формат.

Во однос за датумот за избори претседателот Пендаровски рече дека главните несогласувања се меѓу тие две партии и затоа ги повикува лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ да „седнат уште денеска“ и да најдат решение.

Лидерите да договорат датум за избори за да нема криза

Инаку првично изборите беа закажани за 12 април, а Собранието се самораспушти на 16 февруари и од тогаш не функционира. Првиот случај на заболен од коронавирус во Македонија беше регистриран десет дена подоцна, на 26 февруари, а претседателот Пендаровски првата вонредна состојба ја прогласи на 18 март. Втората беше со времетраење од 30 дена, а третата и четвртата која истекува в сабота се со времетраење од 14 дена.

XS
SM
MD
LG