Достапни линкови

Почитувајте ги мерките или пак рестрикции, се закани Рама


Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама, преку порака на фејсбук, се закани дека повторно ќе воведе забрана за движење и рестриктивни мерки ако не се почитуваат правилата за безбедност, а откако Албанија регистрираше нагло зголемување на бројот на нови случаи на заразени со коронавирус.

Рама оцени дека зголемувањето на бројот на новозаразени е последица на фактот што граѓаните ги игнорираат препораките на здравствените власти за заштита. Тој ги повика Албанците да ги почитуваат правилата на социјално растојание и да носат маски и ракавици, а во спротивно Владата може да воведе рестриктивни мерки.

XS
SM
MD
LG