Достапни линкови

Во Приштина денеска собир на Самоопределување


Лидерот на движењето Самоопределување и доскорешен премиер на Косово, Албин Курти

Лидерот на движењето Самоопределување и доскорешен премиер на Косово, Албин Курти ги повика граѓаните да излезат денеска во центарот на Приштина на сенароден собир со кој ќе се одбележи 21-годишнината од ослободувањето на Косово и 15-годишнината од основањето на партијата. Преку видео-порака Курти ги повика граѓаните денеска во 17 часот да излезат на собирот кој, како што нагласи, ќе биде мирен, со музика и говори, додека „протести ќе има понатаму, бидејќи тие се неминовни“.

Амбасадорите од „квинтата“ бараат од косовските лидери да се воздржат од навреди и закани

По повод најавениот собир реагира амбасадата на САД во Косово, која ги повика американските граѓани да ги избегнуваат приштинските плоштади, напоменувајќи дека „и собирите кои се прокламираат како мирни можат да се претворат во насилни“. Освен тоа, како што порача американската амбасада, „таквите собири со голема бројност можат да се претворат во супер-настан за ширењето на ковид-19“.

Курти одбил да оди на лидерски форум за дијалогот со Србија

Курти во изјава за агенцијата Косова Прес соопштението на американското дипломатско претставништво го оцени како „шаблон кој редовно се користи кога има собири“. Откако на 25 март Собранието му изгласа недоверба, а на 3 јуни и го разреши кабинетот на Курти, Самоопределување покрена петиција со барање за нови парламентарни избори и најави протести против новата влада, предводена од Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, за која тврди дека е нелегитимна.

XS
SM
MD
LG