Достапни линкови

Сирискиот претседател Асад го разреши премиерот


Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска го разреши премиерот Имад Хамис, во период кога земјата се соочува со сериозна економска криза, соопшти сириското претседателство.

На местото на 58-годишнот Хамис е поставен министерот за водни ресурси Хусеин Арнус, кој ќе ја води владата до парламентарните избори предвидени за 19 јули.

Хамис беше именуван за премиер во јуни 2016 година, а пред тоа беше министер за енергетика.

Владата се соочува со критики поради начинот на кој се справува во тешката економска криза, проследена со остар пад на вредноста на сириската фунта. Тоа предизвика огромна инфлација и затворање на продавници, како и досега невидени протести во областите под контрола на владата. Пред војната, еден долар се менуваше за 48 фунти, сега е 700 фунти, но на црниот пазар се менува за 3000 сириски фунти.

Експертите велат дека губењето на вредноста на валутата се објаснува со американските санкции кои треба да стапат во сила на средината на месецов. Кризата е засилена и поради рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирус.

XS
SM
MD
LG