Достапни линкови

Домашна картичка и за 4394 здравствени работници


Илустрација

Домашна картичка ќе добијат и 4394 здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19. Ним им следува 40 отсто од последната основна нето-плата, објави денеска на својот фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче.

„Како што ветивме никој нема да биде заборавен. Тука се вклучени вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19“, наведува Филипче.

XS
SM
MD
LG