Достапни линкови

Мерката 14.500 денари ќе важи и за јунската плата


Министерката Нина Ангеловска

Владината мерка 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата, објави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, откако Владата донесе измена на уредбата со која мерката, наместо два, ќе трае три месеци. Таа додаде дека со измени на уредбата, фирмите што ќе користат финансиска поддршка и за месец јуни, наместо до јули ќе мораат да го задржат истиот број вработени заклучно со август.

„Досега доделена поддршка: Април: 21.215 компании и 5.579 самостојни вршители на дејност; Maj: 20.507 компании и 5.579 самостојни вршители на дејност“, објави Ангеловска на нејзиниот профил на Фејсбук.

Претходно синдикалците од ССМ побараа мерката да се продолжи и за јунската плата, но помошта да им се уплати на сметка на работниците, зошто имале поплаки за злоупотреба на владината помош од некои работодавци.

XS
SM
MD
LG