Достапни линкови

Помпео го поздрави договорот за изборна реформа во Албанија


Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави постигнатиот договор меѓу политичките партии во Албанија околу изборната реформа. Според шефот на американската дипломатија, овој договор ќе ја зајакне демократијата во Албанија и европската иднина на земјата.

„Го поздравувам меѓупартискиот договор во врска со изборните реформи во Албанија, кој ќе ја консолидира нејзината демократија и дополнително ќе ја зајакне европската иднина на Албанија. Ги охрабруваме сите засегнати страни да го официјализираат овој политички договор“, изјавил Помпео, пренесе МИА, цитирајќи ја државната агенција АТА.

По многу средби, Политичкиот совет, што го сочинуваат претставници на партиите од власта и опозицијата, постигна договор околу изборните реформи, што е еден од 15 услови за почеток на преговорите со Европската унија.

XS
SM
MD
LG