Достапни линкови

Германија официјално известена за повлекувањето на американските војници


американски војници во Германија

Германската влада соопшти дека добила официјално известување за евентуално делумно повлекување на американските трупи стационирани во земјата, потег за кој некои се загрижени дека испраќа погрешен сигнал до Русија и ја оштетува безбедноста на НАТО. Соопштението следува по извештаите во медиумите дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил повлекување на скоро 15.000 од приближно 34.500 американски војници стационирани во Германија. И Белата куќа и НАТО одбија да ги коментираат извештаите на медиумите. „Федералната влада е известена дека има размислувања во американската администрација да се намали присуството на американските вооружени сили во Германија“, изјави портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Улрике Демер во Берлин.

Загриженост во Германија по најавите за повлекување на дел од американските војници

Некои американски законодавци предупредуваат дека доколку се спроведе, планот ќе му наштети на американската национална безбедност и ќе ја зајакне позицијата на Русија во Европа. Германија е домаќин на повеќе американски војници од која било друга земја во Европа. Но, трансатлантските врски станаа затегнати под Трамп, кој повеќе пати ја критикуваше Германија и другите европски земји за неисполнување на нивната заложба за НАТО да трошат 2 процента од буџетот.

XS
SM
MD
LG