Достапни линкови

Економска поддршка за угостителството и туризмот


Угостителски објекти во Скопје

Владата на вчерашната седница донесе Уредбата за примена на Законот за комунални такси за време на вонредната состојба, со што се овозможува економска поддршка на угостителските објекти кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Според Уредбата, се изменува пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории, и наместо истата да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на вонредната состојба.

Владата донесе уредба за продолжување на изборниот процес

Владата денеска усвои измени и дополнувања на програмата за развој на туризмот за 2020 година со програма за субвенции за кофинансирање на настани, обуки, семинари и конференции за оваа година. Согласно овие измени, Владата, преку Министерството за економија, ќе кофинансира трошоци за организирање на настани, обуки, семинари и конференции до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари.

XS
SM
MD
LG