Достапни линкови

Помпео побара да се испитаат нападите врз странските новинари во САД


Mајк Помпео.

Американскиот шеф на дипломатијата Мајк Помпео денеска се заложи за тоа Стејт департментот да ги испита обвинувањата во врска со странските новинари за време на протестите против расизмот и полициското насилство во САД.

На пример, Австралија истражува напад на американската полиција врз двајца новинари на австалиска телевизија минатата недела пред Белата куќа.

„Знам дека некои земји изразија загриженост дека нивни новинари се третирани несоодветно“, изјави Помпео на прес-конференција во Вашингтон, додавајќи дека тие земји треба да знаат дека на тоа ќе биде одговорено на соодветен начин.

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башле минатата недела излезе со осуда за нападите врз новинарите, велејќи дека тоа била „невидена агресија против новинарите“ во САД кои известуваа од протестите предизвикани од смртта на Џон Флојд за време на неговото апсење.

Таа наведе дека најмалку 200 новинари биле малтретирани или приведени додека известувале од протестите.

XS
SM
MD
LG