Достапни линкови

Уште 20 милиони евра за фирмите кои работеле и инвестирале во пандемија


Влада на Република Северна Македонија

Владата донела одлука на приватните компании кои продолжиле да работат за време на коронавирусот и да инвестираат во нивниот раст и развој, подобрување на конкурентноста и модернизација на процесот на производство да им бидат достапни 20 милиони евра како дополнителна државна помош за да се зголеми нивната ликвидност и да им се овозможи да започнат нови инвестиции.

Како што информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши, Министерството за економија до петок ќе го објави јавниот повик на кој до 31 јули 2020 година ќе можат да аплицираат заинтересираните компании. Тие ќе треба да достават инвестициски план, тековна состојба на деловниот субјект, биланс на успех за 2019 година, пресметка на аконтациите на данок на добивка за март, април и мај 2020 година и меница. Тој најави дека на денешната седница на Владата Министерството за економија ќе предложи да продолжи мерката за финансиска поддршка во висина на минимална плата од 14.500 денари.

XS
SM
MD
LG