Достапни линкови

Вонредната состојба во Бугарија продолжува до крајот на јуни


Илустрација - Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко борисов на Советот на министри изјави дека вонредната состојба во Бугарија ќе продолжи до крајот на јуни. Тој додаде дека ќе има наредба за тоа до крајот на денот.

„Мораме да се навикнеме да живееме со овој вирус“, рече премиерот Борисов.

Главниотдржавниот санитарен инспектор,Ангел Кунчев, побара вчера продолжување поради зголемен број случаи на зараза со новиот коронавирус, утврдени во последните денови во општините Родопи и Сливен. Но, во практика од 15 јуни почнува отворање театри, кина – на 50 отсто или преку седиште, а маските во јавен превоз остануваат задолжителни.

XS
SM
MD
LG