Достапни линкови

ММФ со 5 милијарди долари помош на Украина за справување со ковид-19


ММФ лого, илустрација

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека неговиот извршен одбор го одобри стенд-бај аранжманот од 18 месеци вреден 5 милијарди долари за Украина, чија цел е да и се помогне на земјата да се справи со пандемијата ковид-19. Одобрувањето значи дека Украина може да добие итно исплаќање на околу 2 милијарди долари, а преостанатата сума ќе биде исплатена во фази во текот на 18 месеци, се вели во соопштението на ММФ.

ММФ по втор пат ќе ја ревидира прогнозата за економски раст

Договорот предвидува платен биланс и буџетска поддршка, истовремено зачувувајќи ги достигнувањата на земјата до денес и унапредување на мал број клучни структурни реформи, соопшти ММФ, оценувајќи: „Избувнувањето на пандемијата ковид-19 значително го влоши изгледите и ги пренасочи владините политики за сузбивање и стабилизација“.

Препорачано

XS
SM
MD
LG