Достапни линкови

Вархеји им одговори на европските пратеници на писмото за Србија


Еврокомесарот Оливер Вархеји

Медиумската служба на социјалдемократите во Европскиот парламент потврди дека европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји одговори на првото писмо на европратениците, кои во средината на април предупредуваа дека состојбата во Србија е „крајно вознемирувачка“ во однос на почитувањето на Уставот и човековите права. Содржината на одговорот не е позната, но членовите на втората најголема политичка група во европарламентот истакнаа дека сега го чекаат одговорот на последното писмо, кое му беше испратено минатата недела за состојбата во Србија за време на изборниот период.Во последното писмо, европратениците предупредуваат дека без набљудувачката мисија на Европскиот парламент и со ограничена мисија на ОБСЕ, „многу е тешко да се замисли веродостоен политички глас на и пред изборите“.

ЕУ намерите за избори ќе ги гледа низ призма на коронавирусот

Тања Фајон, шеф на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Србија, изјави за Радио Слободна Европа дека тоа е „загрижувачки знак“ дека во Србија, за разлика од Северна Македонија, опозицијата никогаш не се консултирала за датумите на избори, со оглед на тоа што изборите се одржуваат во услови на пандемијата на коронавирусот„Дали овие избори ќе бидат слободни и фер, ќе знаеме подоцна, иако ги повикуваме надлежните да направат се што е во нивна моќ да обезбедат услови за демократски, слободни и фер избори. И очигледно, ние не сме задоволни што сегашната здравствена состојба не спречува да ги следиме изборите“, рече Тања Фајон.

XS
SM
MD
LG