Достапни линкови

Трамп: Околу 640 американски војници остануваат во КФОР


американскиот претседател Доналд Трамп

Околу 640 американски војници, кои во моментов се дел од КФОР, ќе останат во Косово како дел од силите од околу 4.000, потврди американскиот претседател Доналд Трамп во писмото до спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и до вториот највисокорангиран функционер на Сенатот, републиканецот Чак Грасли.

КФОР донираше заштитна медицинска опрема за Северна и Јужна Митровица

Според „Гласот на Америка“, станува збор за писмо во кое претседателот Трамп и неговата администрација, во согласност со Резолуцијата за воени сили го информираат Конгресот за распоредување на вооружени сили на САД опремени за борба низ целиот свет. Во делот од писмото за Косово, Трамп наведува дека „САД продолжуваат да даваат придонес кон силите на КФОР, предводени од НАТО, во соработка со локалните власти, билатералните партнери и меѓународните институции, со цел да се избегнат обновените непријателства во Косово“.

XS
SM
MD
LG