Достапни линкови

Ердоган: Турција нема да дозволи Идлиб да стане конфликтна зона


Турскиот претседател Реџеп Таип Ероган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ероган порача денеска дека сириските власти ги зголемуваат провокациите во покраината Идлиб. Според него, Турција нема да дозволи Идлиб да стане повторно зона на конфликт.

„Во понеделникот авиони бомбардираа неколку села во регионот под контрола на бунтовниците и ова се први такви воздушни напади по турско-рускиот договор за прекин на огнот пред повеќе од три месеци, со што беа прекинати големи борби“, изјави Ердоган по состанокот на неговиот кабинет.

Руски и турски трупи на патролна мисија во Идлиб

Руски и турски трупи во март почнаа со својата прва заедничка патролна мисија долж автопатот М4 во сириската провинција Идлиб, во рамките на постигнатиот договор меѓу двајцата претседатели, Владимир Путин и Ердоган.

XS
SM
MD
LG