Достапни линкови

Самопределување поднесе интерпелација за новиот косовски премиер


Новиот премиер на Косово, Авдулах Хоти

Движењето Самоопределување до Собранието денеска поднесе интерпелација за новоизбраниот претседател на Владата, Авдулах Хоти. Партијата на доскорешниот косовски премиер Албин Курти се решила на таков чекор поради одлуката за укинување на трговскиот реципроцитет кон Србија. Според соопштението, партијата бара итно враќање на мерката на реципроцитет, која во март годинава ја воведе владата на Курти.

„Реципроцитетот е меѓународен принцип кој се заснова на еднаквост меѓу државите, додека укинувањето на таа мерка од страна на владата на Хоти значи „откажување од државниот субјективитет“, наведоа од движењето.

Косово отворено за дијалог, Тачи очекува решение годинава

Владата во оставка на Курти донесе одлука за воведување трговски реципроцитет кон Србија од 1 април годинава, со што ја укина таксата од 100 отсто на српскиот увоз, која ја воведе неговиот претходник Рамуш Харадинај во ноември 2018 година. На 3 јуни Собранието на Косово му изгласа доверба на кабинетот на Хоти.

XS
SM
MD
LG