Достапни линкови

Киргистан ќе и наплаќа повеќе пари на Русија за воената база во земјата


Воената база во Кант. Илустрација.

Парламентарната комисија на Киргистан го одобри предлог-законот со кој се зголемува годишната такса на Русија за изнајмување земјиште за нејзината воена база во државата. Предлог-законот одобрен од членовите на киргистанската парламентарна комисија за меѓународни работи, одбрана и безбедност, се однесува на ратификувањето на киргистанско-рускиот протокол за изменување и дополнување на договорот за статусот и условите на користење на воената база.

Предлог-законот е претставен откако топографското истражување на земјиштето изнајмено од руската воена база открило дека комбинираната база зафаќа 924,52 хектари, што е за 58,32 хектари повеќе од областа што е наведена во договорот за закуп. Откако ќе се измени износот на изнајмената територија, сегашниот годишен надоместок за изнајмување од 4.502.495 американски долари ќе се зголеми за 291.600 долари, според законот.

Воздушната база на Русија во Кант е отворена во 2003 година под покровителство на Организацијата за колективна безбедност, во која членуваат Русија, Киргистан, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Таџикистан.

XS
SM
MD
LG