Достапни линкови

Димитров утре во посета на Србија на средба со Дачиќ


Министерот Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на неговиот колега, министерот Ивица Дачиќ, утре ќе ја посети Србија. На средбата, според соопштението на МНР, предвидено е министрите да разменат мислења за актуелната состојба во севкупните билатерални односи и можностите за унапредување на соработката во сите области од заеднички интерес, со акцент на продлабочување на економската соработка.

Воедно, ќе бидат разменети мислења и искуства во врска со справувањето на двете земји со актуелната пандемија, како и нивните претстојни чекори за релаксирање на рестриктивните мерки во меѓусебниот режим на движење, во рамки на севкупните слични тенденции во регионот и Европа.

Како што соопшти МНР, ова претставува прва работна посета на шефот на дипломатијата во странство од почетокот на пандемијата, во знак на натамошно развивање на пријателски дијалог и соработката меѓу двете соседни земји.

XS
SM
MD
LG