Достапни линкови

Костадиновски: Чулев ги крие прекршоците на Мицкоски


Костадин Костадиновски, архивска фотографија

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната прес конференција ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека ги крши мерките за заштита во пандемијата, а министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, се обидува да го сокрие.

„Од грубото кршење на мерката за посета на објекти како теретани од страна на Мицкоски, до последниот случај со портпаролот на ДПМНЕ кој во време на полициски час и забрана за движење беше запрен најпрво на излез од Струмица во недела вечерта, а потоа и кај Штип“, изјави денеска Костадиновски.

Тој обвини дека, како што рече, однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во здравствената криза покажува дека оваа партија не е излезена од режимската матрица.

„Додека сите се борат против коронавирусот Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат самоволие, прекршување на мерките и забраните и злоупотреба на институциите во лични и партиски интереси. Во времето на режимот МВР под контрола на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да сокрие убиство. Денес, под структури на Наќе Чулев се обидуваат да ги сокријат прекршоците на Мицкоски“, обвини Костадиновски.

XS
SM
MD
LG