Достапни линкови

Професорите да одлучат - Јунска сесија онлајн или на факултет


Илустрација - Економски факултет, Скопје
Илустрација - Економски факултет, Скопје

Претседателот на Универзитетското студентско собрание, кој е четврта година на Правниот факултет, лично смета дека секој метод на проверка на знаењето има свои добри и лоши страни и дека „хибридна сесија“ е најсоодветно решение.

Претседателот на студентското собрание Борјан Ефтимов вели дека организирањето на испитната сесија на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е флексибилно и е оставено професорите да одлучат кога може испитот да биде онлајн, а кога е неопходно физичко присуство на студентите.

„Факултетите и професорите, кои најдобро ја знаат природата на материјата што ја предаваат, одлучуваат дали испитот ќе се одвива онлајн или со физичко присуство. За начинот и времето на реализацијата со сесијата, се разбира, факултетите се консултираат со факултетските студентски собранија. На ист факултет може да има различни начини за различни предмети. Различните предмети подразибраат и различни методи на проверка на знаењето, така што возможно е студентите во испитната сесија некои предмети да ги полагаат онлајн, а некои со физичко присуство“, изјави Ефтимов за МИА.

Одлуката за начинот на проверка на знаењето, вели, е на професорот иако студентите при одредување на начинот имаат право да го кажат своето мислење и да влијаат на таа одлуката. Крајниот збор го има професорот, но исклучително е важно, вели претседателот на студентската организација на УКИМ, студентите да бидат консултирани – и за начинот на проверка на знаењето, и за организирањето на сесијата и термините за полагање на испитите.

Ефтимов смета дека секој метод на проверка на знаењето има свои добри и лоши страни и дека „хибридна сесија“ е најсоодветно решение.

На студентите кои нема да можат да полагаат оваа испитна сесија, тој им порача дека нема да бидат оштетени зашто Универзитетското студентско собрание ќе бара, а очекува и дека ќе издејствува, продолжување на роковите и организирање дополнителни испитни сесии по септемвриската испитна сесија.

XS
SM
MD
LG